| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку 39 Палестинци загинаа во израелски напад врз училиште во Газа
Официјални лица од болницата Ал-Акса соопштија дека најмалку 39 лица загинал и десетици се повредени, а бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи жртвите се уште пристигнуваат во болницата.
Најмалку 39 Палестинци загинаа во израелски напад врз училиште во Газа
Израелската армија тврди дека борци на Хамас се криеле во училиштето / Photo: AA / AA

Најмалку 39 Палестинци загинаа во четвртокот во напад на израелски авиони врз училиште во кое илјадници раселени лица најдоа привремено сместување во централниот дел на Појасот Газа, потврдија локалните власти.

Владата во Газа објави дека десетици Палестинци се повредени во напад на израелски авиони врз училиште со кое раководи агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во бегалскиот камп Нусејрат.

Тие додаваат дека несовесните израелски масакри во Газа се доказ за продолжување на геноцидот врз раселените Палестинци.

Официјални лица од болницата Ал-Акса соопштија дека најмалку 39 лица загинале, а десетици се повредени. Бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи жртвите се уште пристигнуваат во болницата.

Израелската армија го потврди нападот на училиштето, тврдејќи дека таму се кријат борци на Хамас.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави
Српски војник, дел од мировните сили во Либан, загина во експлозија на проектил
Американски војник загина при инцидент на обука во Ирак
Арагчи: Нападите ќе продолжат врз локации „кои се користат“ во нападите врз Иран
Лекорну: Израел мора да ја прекине „нелегалната окупација“ на либанската територија
Германија гледа „прозорец за разговори“ со Русија за завршување на војната во Украина