| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку четири лица загинаа во судир на возови во Чешка
Повеќе од 300 патници биле во брзиот воз кој одел за градот Кошице во источна Словачка, а товарниот воз превезувал калциум карбид, но до истекување не дошло бидејќи првите два вагона биле празни
Најмалку четири лица загинаа во судир на возови во Чешка
Сѐ уште не е позната причината за судирот на возовите / Photo: AFP / AFP

Најмалку четири лица загинаа, а 23 се повредени, од кои тројца потешко, во судир на патнички и товарен воз во градот Пардубице во Чешка, соопштија денеска официјални лица.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека несреќата се случила доцна во средата околу 23 часот во градот Пардубице, на околу 100 километри од Прага и дека никој од повредените не е во животна опасност, пренесе АП.

Машиновозчите на двата воза преживеале, јави чешката агенција ЦТК.

Чешката телевизија објави и дека товарниот воз превезувал калциум карбид, но дека до истекување не дошло бидејќи првите два вагона биле празни.

Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка изјави дека главната линија меѓу Прага и источниот дел на земјата ќе биде затворена додека властите ги испитаат причините за судирот.

Купка истакна дека сѐ уште не е позната причината за судирот на возовите.

Државната компанија „Чешки железници“ соопшти дека железничката пруга најверојатно ќе остане затворена цел ден „поради размерите на несреќата“.

Спасувачите соопштија дека повеќе од 300 патници биле во брзиот воз кој одел за градот Кошице во источна Словачка.

Коридорот во Пардубице каде што се судрија возовите е од витално значење за „Чешки железници“.

Чешкиот премиер Петр Фијала изјави дека тоа е голема трагедија и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД