| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мицкоски го доби мандатот за состав на Влада од Сиљановска Давкова
Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада,  мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува владата да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни
Мицкоски го доби мандатот за состав на Влада од Сиљановска Давкова
Претседателката, повикувајќи се на уставните рокови и фактите изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот / Photo: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.

Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

Се очекува по средбата со Сиљановска Давкова, мандатарот да даде изјава за медиумите. ВМРО- ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата се уште не се соопштуваат официјално.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ