| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Да престане снабдувањето на Израел со оружје
На заедничката прес – конференција со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев во Анкара, туркиот претседател ги повика земјите кои обезбедуваат муниција и оружје да се воздржат од соучесништво во злосторствата во Газа
Ердоган: Да престане снабдувањето на Израел со оружје
Ердоган: Земјите кои обезбедуваат оружје и муниција за Израел да се воздржат од соучесништво во злосторствата во Газа / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика земјите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел да го прекинат своето соучесништво во неговите злосторства во повеќемесечната смртоносна офанзива врз Појасот Газа.

„Земјите кои обезбедуваат муниција и поддршка со оружје за масакрите на Израел сега мора да се воздржат од соучесништво во овие злосторства“, рече Ердоган за време на заедничката прес-конференција во Анкара со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзијоев.

Поттикнувајќи ја меѓународната заедница за која вели дека не направила доволно за да се стави крај на масакрот во Газа, Ердоган исто така ги повика сите совесни и одговорни страни дa помогнат да се постигне итен прекин на огнот во Газа.

Израел започна брутална офанзива врз Газа од седми октомври по нападот на Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот

Оттогаш, околу 36.600 Палестинци се убиени во Газа, повеќето жени и деца, а над 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.

Осум месеци по израелската војна, огромни делови од Газа беа во урнатини и со блокада на храна, чиста вода и лекови

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел