| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Макрон: Франција и сојузниците стојат покрај Украина
Францускиот претседател ги повика и сојузниците да ја покажат храброста на ветераните од Втората светска војна
Макрон: Франција и сојузниците стојат покрај Украина
Макрон упати поддршка за Украина на церемонијата по повод 80-годишнината од почетокот на истоварувањето на сојузниците во Нормандија на која присуствуваа многу светски државници / Photo: AA / AA

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на церемонијата по повод 80-годишнината од почетокот на истоварувањето на сојузниците во Нормандија, Денот Д, рече дека Франција и нејзините сојузници стојат покрај Украина за време на војната против Русија.

„Тука сме и нема да ослабиме“, рече Макрон на церемонијата на која присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга, како и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Макрон ги повика и сојузниците да ја покажат храброста на ветераните од Втората светска војна.

„Кога ќе видиме како војната се враќа на нашиот континент, кога ќе видиме луѓе кои ги доведуваат во прашање вредностите за кои се боревме, кога ќе ги видиме оние кои сакаат насилно да ги променат границите со препишување на историјата да застанеме достоинствено и да ги погледнеме оние што слетаа овде. Да ја имаме нивната храброст“, рече францускиот претседател.

Тој посочи дека присуството на украинскиот лидер докажува дека е неопходно западните сојузници да покажат храброст.

Макрон им се заблагодари на присутните ветерани и на тројца американски војници од Втората светска војна им додели Легија на честа, највисокиот француски орден за заслуги.

Покрај Макрон, Зеленски и Бајден, церемонијата во северозападниот дел на Франција, заедно со 2.000 гости, беа и британскиот крал Чарлс Трети и британскиот премиер Риши Сунак.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска