| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Во Истанбул започна 6. Фестивал на културата „Етноспорт“
„Следните четири дена во светски најдостапниот, најважниот центар Истанбул ќе бидеме сведоци на културите на светот, културното богатство на нашата Анадолија и на културите од просторите на географиите на нашето срце.“
Во Истанбул започна 6. Фестивал на културата „Етноспорт“
Во Истанбул започна 6. Фестивал на културата „Етноспорт“ / Photo: AA / AA

Фестивалот, кој годинава по шести пат го организира Светската конфедерација за етноспорт (СКЕ), ќе трае четири дена на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

На свеченото отворање на фестивалот присуствуваа министерот за млади и спорт на Туркије, Осман Ашкин Бак, претседателот на СКЕ, Билал Ердоган, заменик-претседателот на Партија за правда и развој (АК партија), Ефкан Ала, и претставници и членови на протоколот од различни земји.

Свеченото отворање на фестивалот започна со сечење на лентата од страна на членовите на протоколот пред шаторот Хан.

Во своето обраќање Билал Ердоган рече: „Добредојдовте на 6. Фестивал на културата ‘Етноспорт’. Следните четири дена во светски најдостапниот, најважниот центар Истанбул ќе бидеме сведоци на културите на светот, културното богатство на нашата Анадолија и на културите од просторите на географиите на нашето срце. На фестивалот ќе бидеме сведоци не само на нашите традиционални спортови, на спортовите на нашите гости туку во исто време овој простор ќе биде домаќин и на традиционалните вкусови, народните танци, музика, ракотворби и детски игри.“

Посочувајќи дека на фестивалот ќе има посебен дел за Палестина, која е цел на израелски напади, Ердоган рече:

„Ќе ја видиме работата извршена од нашата конфедерација за земјотресите што го потресоа Кахраманмараш, катастрофата на векот што ја доживеавме минатата година. Претставување на културата на Палестина пред светот, место каде што сѐ уште се спроведува геноцид и ќе презентираме активности преку кои ќе апелираме до целиот свет, укажувајќи му дека и тамошните деца имаат право да си играат. Ги чекаме сите наши граѓани. Среќни сме кога ќе видиме како нашите деца уживаат во времето поминато тука, гледајќи и испробувајќи нешта со задоволство.“

Дава единствена можност за проба на традиционални спортови и игри

Фестивалот ќе биде домаќин на настани привлечни за посетителите од сите возрасти.

Тие ќе имаат можност бесплатно да учествуваат во многу традиционални спортови и игри, како што се стрелаштво и јавање коњи, придружувани од професионалци.

На просторот на фестивалот посетителите ќе имаат можност да работат во ателје за традиционални уметности, а исто така ќе можат да се информираат и за теми, како што се традиционални спортови, игри, природа и комуникација со животните.

Активности за деца и за групи лица со посебни потреби

Шестиот фестивал на културата „Етноспорт“ ќе биде домаќин и на специјални настани за деца и за групи лица со посебни потреби.

На фестивалскиот простор децата ќе можат да поминат пријатно време и да се забавуваат со традиционалните спортови и игри.

Специјални настани, натпревари и сценски настани за групи лица со посебни потреби ќе му дадат посебен белег на фестивалот.

На групите лица со посебни потреби ќе им бидат понудени можности на хипотерапија, турнир во мангала за лицата со оштетен вид, многу работилници и настани организирани од уметници со посебни потреби.

Домаќин на светските култури

Светската конфедерација за етноспорт на учесниците на фестивалот ќе им овозможи да ги вкусат јадењата од светската кујна.

На фестивалот ќе може да се погледне шоуто со карабашки коњи, а ќе бидат вклучени и претставници од градови низ Туркије, презентирајќи племенски живот во шатори, работилници за ракотворби и многу други активности.

Ќе се одржи натпревар во фотографија

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и натпревар во фотографија.

Светската конфедерација за етноспорт, чија цел е заживување на традиционалните спортови и игри, во рамките на фестивалот ќе организира натпревар за фотографија во соработка со Турската федерација за фотографска уметност.

Сите активности што се случуваат на фестивалот ќе бидат предмет на конкурс за фотографија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години