| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Медиуми: Се очекува Ганц да се повлече од израелската Влада
Одлуката доаѓа и покрај притисокот од САД, кои го сметаат за „близок партнер“ и го повикаа да остане на функцијата, а и семејствата на заложниците во Газа бараат да остане додека не се постигне договор за размена на затвореници со Хамас
Медиуми: Се очекува Ганц да се повлече од израелската Влада
Ганц во мај му постави ултиматум на Нетанјаху да претстави сеопфатен повоен план за Појасот Газа до 8 јуни / Photo: AA / AA
7 јуни 2024

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц се очекува да поднесе оставка од владата за вонредни состојби во сабота, по истекот на рокот што го постави минатиот месец за развој на јасен план „за постигнување победа“ во Појасот Газа.

Според израелскиот јавен сервис КАН, Ганц има намера да поднесе оставка поради неформулирање на наведениот план.

Одлуката доаѓа и покрај притисокот од САД, кои го сметаат за „близок партнер“ и го повикаа да остане на функцијата.

Семејствата на израелските заложници во Газа исто така го повикаа Ганц да не поднесува оставка додека не се постигне договор за размена на затвореници со Хамас. Во меѓувреме, канцеларијата на Нетанјаху закажа проширена министерска дискусија за недела, веднаш по самонаметнатиот рок на Ганц, додаде КАН.

Ганц, кој ѝ се приклучи на владата на 11 октомври, му постави строг ултиматум на премиерот Бенјамин Нетанјаху на 18 мај- „Развијте сеопфатен повоен план за Појасот Газа до 8 јуни, или ќе поднесам оставка“.

Телевизијата истакна дека неговиот предложен план опфаќа неколку клучни елементи: враќање на заложниците од Газа, прекинување на владеењето на Хамас, разоружување на Појасот Газа, формирање европско-арапска коалиција за управување со регионот, обезбедување враќање на северните жители во нивните домови, и универзална воена служба за сите Израелци.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по нападот на 7 октомври минатата година од страна на палестинската група Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која бара итен прекин на огнот.

Оттогаш, околу 36.600 Палестинци се убиени во Газа, повеќето жени и деца, а над 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафах, каде над милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападната на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан