| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Си-Ен-Ен: Израел со американски бомби го погоди училиштето во Газа
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави во четвртокот дека дури и ако израелската војска имала намера да ги гаѓа милитантите на Хамас, тврдењата за децата убиени во нападот „покажуваат дека нешто тргнало наопаку“
Си-Ен-Ен: Израел со американски бомби го погоди училиштето во Газа
Во нападот врз училиштето на УНРВА во која раселените Палестинци се засолнија загинаа 40 лица, меѓу кои 14 деца и девет жени / Photo: AA / AA

Израел употреби оружје од американско производство во вчерашниот напад на училиштето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави своја анализа на снимката од нападот на израелската армија врз училиште во централниот дел на Појасот Газа.

Констатирано е дека Израел користел најмалку две мали бомби ГБУ-39 од американско производство во нападот врз училиштето УНРВА во Газа.

Минатата недела Си-Ен-ЕН објави анализа во која е утврдено дека во израелскиот масакр во Рафах се користеле бомби од американско производство, но американската администрација соопшти дека не може да го потврди тоа.

Во вчерашниот напад на израелската армија врз училиште на УНРВА во која раселените Палестинци се засолнилја во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, животот го загубија 40 лица, меѓу кои 14 деца и девет жени. Израел потврди дека го бомбардирале училиштето, но во делот каде имало скроиено борвци на Хамас.

По израелскиот напад на училиштето пристигнаа осуди од голем број земји.

САД повикаа на истрага за смртоносниот израелски воздушен напад врз училиштето и му порачаа на Израел дека мора да биде „целосно транспарентно“.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави во четвртокот дека дури и ако израелската војска имала намера да ги гаѓа милитантите на Хамас, тврдењата за децата убиени во нападот „покажуваат дека нешто тргнало наопаку“.

Милер рече дека е право на Израел да ги гаѓа милитантите на Хамас, истовремено нагласувајќи ја обврската да се минимизира штетата на цивилите и да се преземат сите можни чекори за тоа.

Тој рече дека САД виделе извештаи дека 14 деца биле убиени во нападот. „Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи“, рече Милер.

Сето тоа се факти кои треба да се проверат и тоа сакаме да се случи, додаде тој.

Според УНРВА, училишна зграда во бегалската област Нусејрат била користена како засолниште за итни случаи.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК