| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Зошто е запрена аукцијата на Златната топка на Марадона?
Апелацискиот суд во Версај ја поништи претходната судска одлука со која се дозволува аукцијата да се одржи и покрај противењето на двете ќерки на Марадона, кои ја оспоруваа сопственоста на трофејот.
Зошто е запрена аукцијата на Златната топка на Марадона?
Зошто е запрена аукцијата на Златната топка на Марадона? / Photo: AA Archive / AA Archive

Францускиот суд ја усвои жалбата на наследниците на Диего Марадона да се запре планираната аукција за продажба на Златната топка, која легендарниот аргентински фудбалер ја доби како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година.

Апелацискиот суд во Версај ја поништи претходната судска одлука со која се дозволува аукцијата да се одржи и покрај противењето на двете ќерки на Марадона, кои ја оспоруваа сопственоста на трофејот.

Трофејот што се водеше за исчезнат, најверојатно, бил украден од сеф во банка во Неапол во 1989 година, кога Аргентинецот беше играч на Наполи. Потоа се појавија информации дека „Златната топка“ се појавила во 2016 година, кога колекционер ја купил за скромна сума, заедно со други награди.

Двајца експерти подоцна утврдија дека тоа е навистина Златната топка од 1986 година, додека ќерките на Марадона тврдат дека трофејот е во нивна наследност и се противат да биде понуден на аукција.

Диего Марадона ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до титулата на Светското првенство 1986 во Мексико, откако во финалето ја победи Западна Германија.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД