| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Од 7 октомври, Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци во Појасот Газа
„Израелската окупација изврши осум масакри на семејства во Појасот Газа, што резултираше со 283 загинати и 814 повредени во последните 24 часа“
Од 7 октомври, Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци во Појасот Газа
„Израелската окупација изврши осум масакри на семејства во Појасот Газа, што резултираше со 283 загинати и 814 повредени во последните 24 часа“ / Photo: AA / AA

Најмалку 37.084 Палестинци се убиени во израелската офанзива на Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Во нападите повредени се 84.494 лица.

„Израелската окупација изврши осум масакри на семејства во Појасот Газа, што резултираше со 283 загинати и 814 повредени во последните 24 часа“, се наведува во соопштението.

Министерството објави дека бројот на загинати во вчерашниот „масакр на израелската окупација“ врз Палестинците во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа се искачи на 274, а 698 се повредени.

Израелската војска вчера објави дека спасила четворица заложници од централниот дел на Појасот Газа во смртоносен напад врз Палестинците во бегалскиот камп Нусејрат.

Од Министерството за здравство на Газа велат дека одреден број жртви сѐ уште се под урнатините и на патиштата, а екипите за итна помош и цивилна заштита не можат да дојдат до нив.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Партијата на ерменскиот премиер Пашинјан оствари убедлива победа на изборите
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува