| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
САД повикаа на гласање за прекин на огнот во Газа во СБ на ОН
Израел го прифаќа предлогот на Бајден и Советот за безбедност има можност да зборува во еден глас и да го повика Хамас да го стори тоа, рече Нејт Еванс, портпарол на американската мисија на ОН
САД повикаа на гласање за прекин на огнот во Газа во СБ на ОН
Гласањето би можело да биде ставено на дневен ред на Советот за безбедност во текот на оваа недела / Photo: AA / AA

САД вчера соопштија дека побарале гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за предлогот за прекин на огнот во Газа во три фази.

Нејт Еванс, портпарол на американската мисија на ОН, објави дека предлогот го поднеле до Советот за безбедност. Претходно предлогот го најави претседателот на САД, Џо Бајден, а го подготви Израел.

„Како што повеќепати нагласивме, имплементацијата на овој договор би овозможил моментен прекин на огнот, ослободување на заложниците, повлекување на израелските сили од населените подрачја во првата фаза, итно зголемување на хуманитарната помош и обновување на основните услуги и враќање на палестинските цивили во Северна Газа, заедно со мапата на патот за целосно завршување на кризата и повеќегодишен меѓународно поддржан план за реконструкција“, изјави Еванс.

Тој додаде дека Израел го прифаќа овој предлог и Советот за безбедност има можност да зборува во еден глас и да го повика Хамас да го стори тоа.

Извори од ОН наведоа дека гласањето би можело да биде ставено на дневен ред на Советот за безбедност во текот на оваа недела.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години