| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ОН: Во израелските напади се уништени повеќе од половина згради во Газа
Се проценува дека ќе бидат потребни години за да се санираат уништувањата настанати од израелските напади, а ќе треба уште подолго за да се закрепне од психолошката траума од оваа војна, велат од ОН
ОН: Во израелските напади се уништени повеќе од половина згради во Газа
Според Владата на Газа од 24 мај, 87.000 куќи биле целосно уништени во Газа, а вкупно биле оштетени 297.000 куќи / Photo: AA / AA

Обединетите нации (ОН) соопштија дека се уништени повеќе од половина од зградите во Појасот Газа, каде што Израел продолжува со нападите од 7 октомври.

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), објави соопштение на својот профил на социјалните мрежи во врска со ситуацијата во Газа.

Во соопштението се нагласува дека уништувањето во Газа не може да се опише и дека повеќе од половина од зградите во енклавата се уништени.

Се проценува дека ќе бидат потребни години за да се санираат уништувањата настанати од израелските напади и додава: „Ќе треба уште подолго за да се закрепне од психолошката траума од оваа војна.“

Во соопштението се нагласува и дека треба да се стави крај на страдањата во Газа и се бара прекин на огнот.

Според соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа од 24 мај, 87.000 куќи биле целосно уништени во Газа, каде што израелската армија употребила 77.000 тони експлозив од 7 октомври, а вкупно биле оштетени 297.000 куќи.

Во претходното соопштение на ОН се вели дека би можело да бидат потребни 14 години за расчистување на урнатините во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД