| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ЕВРО 2024: Англија фаворит во групата „Ц“
Англиската селекција е апсолутен фаворит за освојување на првото место во групата „Ц“. Од избраниците на Саутгејт многу се очекува на натпреварите на Европското фудбалско првенство, каде во групната фаза ќе играат против Данска, Србија и Словенија.
ЕВРО 2024: Англија фаворит во групата „Ц“
ЕВРО 2024: Англија фаворит во групата „Ц“ / Photo: Reuters / Reuters

Натпреварувањето во групата „Ц“ на Европското фудбалско првенство, кое годинава се одржува во Германија, ќе го отвори дуелот меѓу Словенија и Данска на 16 јуни.

Истиот ден во вечерните часови силите ќе ги одмерат Србија и Англија.

Англија

Англиската селекција е апсолутен фаворит за освојување на првото место во групата „Ц“. Од избраниците на Герет Саутгејт многу се очекува на натпреварите на Европското фудбалско првенство, каде во групната фаза ќе играат против Данска, Србија и Словенија.

Во подготвителната фаза за ЕВРО, Англичаните одиграа пријателски натпревар со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, давајќи им можност на англиските ѕвезди кои ќе настапат на ЕП, како Кол Палмер, Трент Александер-Арнолд, Хари Кејн и други, да играат против селекција од териториите на поранешна Југославија, бидејќи во групната фаза Англија ќе игра против Србија и Словенија.

Ова ќе биде 11-ти настап за Англија на ЕП. Англичаните играа во финалето во 2020 година, а во 1968 и 1996 година играа во полуфиналето.

Србија

Австрија во Виена во пријателски натпревар ја совлада Србија со резултат 2:1, што воедно беше последен тест за избраниците на Драган Стојковиќ пред почетокот на ЕВРО 2024.

Ова ќе биде прв настап на Србија на европските првенства, по одвојувањето на Црна Гора.

Данска

Данска по 10-ти пат ќе учествува на ЕВРО. Во 1992 година го освои Европското првенство во Шведска, победувајќи го во финалето овогодинешниот домаќин Германија. Во пријателски подготвителен натпревар Данска ја совлада Шведска со резултат 2:1.

Словенија

Словенија по втор пат ќе настапи на ЕП. Во своето деби на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Словенија не успеа да излезе од групната фаза.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван