| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Исчезна хеликоптерот со заменик претседателот на Малави и екипажот
Саулос Чилима требаше да присуствува на погребот на Ралф Касамбара, поранешен министер за правда кој почина во петокот, при што неговиот хеликоптер полетал од главниот град Лилонгве пред да исчезне на северот на земјата
Исчезна хеликоптерот со заменик претседателот на Малави и екипажот
Се трага по изчезнатиот владин хеликоптер / Фото: AFP / AFP

Воениот хеликоптер на Малави кој го превезувал потпретседателот на земјата и уште осум лица исчезна, соопшти владата.

Саулос Чилима требаше да присуствува на погребот на Ралф Касамбара, поранешен министер за правда кој почина во петокот, при што неговиот хеликоптер полетал од главниот град Лилонгве пред да исчезне на северот на земјата.

По инцидентот, претседателот Лазарус Чаквера го откажа планираното патување во странство и им нареди на регионалните и националните агенции да ги интензивираат пребарувањата за да го лоцираат исчезнатото летало, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Атмосферата во јужноафриканската земја е неизвесна додека јавноста чека вест за потпретседателот.

Во последните години, повеќе истакнати личности загинаа во хеликоптерски несреќи, вклучувајќи го и последниот ирански претседател Ибрахим Раиси, кој загина минатиот месец.

Во соседството на Малави, генералот Френсис Огола, воениот началник на Кенија, овој април исто така загина во хеликоптерска несреќа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Трамп: САД вечерва ќе го нападнат Иран многу силно, ќе го освоиме островот Харг
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода