| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Берлин: Сиљановска Давкова се обрати на Конференцијата за обнова на Украина
Во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина
Берлин: Сиљановска Давкова се обрати на Конференцијата за обнова на Украина
Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална инфраструктура / Photo: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија.

Во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина.

Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.

На сесијата позитивно беше оценета постоечката заедничка европска позиција дека треба да продолжи сеопфатната помош за Украина.

Претходно, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелската армија во тригодишната војна потрошила муниција како за 30 години
Исланд: Референдум за продолжување на преговорите за членство во ЕУ
ЕУ ѝ одобри 6,1 милијарди евра на Украина за набавка на системи за воздушна и ракетна одбрана
Цените на нафтата паднаа додека пазарите чекаат нови американски санкции за Иран
Сирија и Израел одржуваат разговори со посредство на САД во Јордан за да се постигне деескалација
Израел продолжува да убива Палестинци во Газа и покрај договорот за прекин на огнот
САД прогласија „економски ден Д“ против Иран, додека притисокот се интензивира
Албанезе повикува на „меѓународно присуство за заштита“ низ окупираната Палестина
Унал Устел: Жалбата на кипарските Грци во ОН за гасоводот со Туркије е контрадикторна
САД воведоа нови царини за Канада, Отава ќе возврати
Ко-лидерката на АфД повика Германија да ги напушти еврото и Шенген
Зеленски: Крајот на 2026 и летото 2027 се реален период за мировен договор за Украина
Иран: Американската „економска војна“ е повторливото сценарио со кое знаеме да се соочиме
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради прекршување на приватноста на деца