| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Левандовски го пропушта стартот на ЕВРО 2024
Лекарот на репрезентацијата Јацек Јарошевски рече дека медицинскиот персонал „прави сè“, за тој да може да игра на вториот натпревар против Австрија на 21 јуни
Левандовски го пропушта стартот на ЕВРО 2024
Полска е во група со Австрија, Холандија и Франција/ Фото: AFP / AFP

Роберт Левандовски ја скина тетивата и ќе го пропушти првиот натпревар на Полска на Европското првенство во фудбал на УЕАФА 2024 против Холандија овој викенд, потврди полската фудбалска федерација.

Во соопштението, Полскиот фудбалски сојуз рече дека Левандовски (35) претрпел повреда од видот „скинат мускул на бицепс на бедрената коска“ и нема да игра на првиот натпревар на Полска во недела.

Лекарот на репрезентацијата Јацек Јарошевски рече дека медицинскиот персонал „прави сè“, за тој да може да игра на вториот натпревар против Австрија на 21 јуни.

Ѕвездата на Барселона ја заработи повредата за време на победата од 2-1 против Туркије на пријателскиот натпревар во понеделникот пред ЕВРО 2024, што ќе започне викендов во Германија.

Левандовски е полски репрезентативец од 2008 година и има постигнато 82 гола на 150 меѓународни натпревари. Во групата Д на ЕУРО 2024, Полска ќе игра против Холандија, Австрија и Франција.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван