| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Командант на Хезболах загина во израелски напад врз јужен Либан
Улогата на убиениот командант Абдула во милитантната организација  е исто толку значајна како и улогата на Висам Тавил, висок командант на Хезболах убиен во израелски напад во јануари
Командант на Хезболах загина во израелски напад врз јужен Либан
Околу 300 борци на Хезболах, вклучувајќи команданти и клучни оперативци, се убиени во израелските напади врз Либан од почетокот на војната во Газа / Photo: Reuters / Reuters

Хезболах објави дека четворица негови членови, вклучувајќи го и теренскиот командант, се убиени во израелски воздушен напад во јужен Либан.

Хезболах соопшти дека е убиен Талиб Сами Абдула, еден од водечките луѓе на организацијата, како и Мухамед Хусеин Сабра, Али Селим Суфан и Хусеин Касим Хамид.

Според извештаите на локалните либански медиуми, Абдула е роден во 1969 година во селото Адшит на југот на Либан и бил еден од водечките команданти во јужниот регион.

Абдула и други членови на Хезболах беа убиени во израелски воздушен напад во текот на ноќта врз селото Џуваја, на околу 15 километри од границата.

Изворите го идентификуваа Абдула како командант на групата за централниот регион на јужниот граничен појас, кој вклучува некои од градовите најтешко погодени во последните осум месеци од престрелките меѓу Израел и Хезболах. Изворите, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека улогата на Абдула во Хезболах е исто толку значајна како и улогата на Висам Тавил, висок командант на Хезболах убиен во израелски напад во јануари.

Во вторникот Хезболах објави дека ќе изврши 10 операции против израелски воени цели и населби во близина на границите со Либан.

Израелската армија потврди дека биле истрелани 15 ракети кон Изрел, но дел биле пресретнати, а некои паднале на ненаселени области.

Тензиите се високи долж границата меѓу Либан и Израел во услови на повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири откако двете страни водеа целосна војна во 2006 година.

Околу 300 борци на Хезболах, вклучувајќи команданти и клучни оперативци, се убиени во израелските напади врз Либан од почетокот на војната во Газа во октомври.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години