| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската армија на црната листа на ОН за кршење на правата на децата
Според ОН, во 2023 година во светот биле убиени 5.301 дете, 6.348 деца биле ранети, 8.655 деца биле регрутирани во вооружени групи, 5.205 деца биле ускратени за хуманитарна помош, а 4.356 деца се киднапирани
Израелската армија на црната листа на ОН за кршење на правата на децата
Израелската војска и безбедносните сили се одговорни за 5.698 прекршувања на правата на децата / Photo: AA / AA

Обединетите нации (ОН) ги додадоа израелските вооружени и безбедносни сили на листата на „страни кои вршат тешки прекршувања над децата во ситуации на вооружен судир“, се наведува во извештајот.

Во извештајот за 2023 година, кој сѐ уште не е јавно објавен, а кој го виде Агенција Анадолу, пишува: „Во 2023 година насилството врз децата во вооружениот конфликт достигна екстремни нивоа, со шокантен пораст од 21 отсто тешки прекршувања на законот.“

Воочувајќи го порастот од 35 отсто на инцидентите кои доведоа до смрт и ранувања на деца во споредба со претходната година, во извештајот се наведува дека „Обединетите нации потврдија 32.990 тешки прекршоци, од кои 30.705 извршени во 2023 година, а 2.285 извршени порано, но потврдени во 2023 година“.

Според извештајот, во 2023 година биле убиени 5.301 дете, 6.348 деца биле ранети, 8.655 деца биле регрутирани во вооружени групи, 5.205 деца биле ускратени за хуманитарна помош, 2.491 дете биле приведени поради поврзаност со вооружени групи, а 4.356 деца се киднапирани.

За прв пат се споменуваат израелските сили

Според извештајот, во светло на неодамнешните случувања во Газа, тешките прекршувања над децата во Израел и на окупираните палестински територии се зголемени за 155 отсто.

Во тој контекст, евидентирани се најмалку 8.009 случаи на тешки прекршоци. Овие прекршувања погодиле 4.360 деца, од кои 113 израелски и 4.247 палестински.

Во извештајот се наведува дека биле извршени 7.837 прекршувања над 4.247 палестински деца во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Се напоменува дека овие прекршувања биле извршени од израелската војска и израелските илегални доселеници.

Понатаму се наведува дека израелската војска и безбедносните сили се одговорни за 5.698 од овие прекршувања.

Наведувајќи дека Израел притворил 906 палестински деца, извештајот, исто така, укажува на тоа дека ОН имаат информации за деца кои биле изложени на малтретирање и сексуално злоупотребување.

Во извештајот се наведува и дека израелската војска го попречувала пристапот на децата до хуманитарна помош во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Освен израелската војска и безбедносните сили, на листата се најдоа и вооруженото крило на Хамас, Бригадите Касам и Ал Кудс, вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад.

Во извештајот се наведува дека 23.000 тешки прекршувања чекаат потврда поради ситуацијата во Газа во последниот квартал од 2023 година.

„Шокиран сум од невидениот број на деца убиени и осакатени од страна на израелската војска и безбедносните сили во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Главни области на прекршување

Во извештајот се наведува дека Израел, окупираните палестински територии, Демократска Република Конго, Мјанмар, Сомалија, Нигерија и Судан се местата каде што прекршувањата врз децата се најинтензивни.

Во Демократска Република Конго пријавени се 3.764 тешки прекршувања, 2.799 во Мјанмар, 2.283 во Сомалија, 1.995 во Нигерија и 1.721 во Судан.

Во извештајот, исто така, се наведува дека руските безбедносни сили и понатаму се на листата за прекршувања во Украина, со 938 регистрирани случаи на тешки прекршувања.

Во извештајот понатаму се споменува дека машките деца се регрутираат, убиваат и рануваат, додека женските деца почесто се изложени на сексуално насилство.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади