| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Медиуми: Хамас го одбил предлогот за прекин на огнот предложен од САД
Според медиумите, одговорот на Хамас на последниот предлог за прекин на огнот, наводно, вклучува амандмани на понудата, односно нова временска рамка за ослободување на заложниците и целосно повлекување на израелските војници од Газа
Медиуми: Хамас го одбил предлогот за прекин на огнот предложен од САД
САД го добија официјалниот одговор на Хамас на предлогот за прекин на огнот и го оценуваат, соопшти синоќа Белата куќа / Photo: AA / AA

Висок израелски претставник синоќа истакна дека Хамас го отфрлил предлогот за прекин на огнот јавно претставен од американскиот претседател Џо Бајден, објавија израелските медиуми.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека израелската администрација го добила одговорот на палестинската група за предлогот преку посредници.

Претставникот тврди дека Хамас ги сменил „сите главни и најзначајни параметри“ на нацртот понуден од Бајден.

Соединетите Американски Држави го добија официјалниот одговор на Хамас на предлогот за прекин на огнот и го оценуваат, соопшти синоќа Белата куќа.

Одговорот на Хамас и палестинскиот Исламски џихад на последниот израелски предлог за прекин на огнот со заложниците, наводно, вклучува амандмани на понудата, односно нова временска рамка за ослободување на заложниците и целосно повлекување на израелските војници од Газа.

Поранешниот израелски преговарач Даниел Леви изјави за Ал Џезира дека Хамас и Исламски џихад се обидуваат да го изменат предлогот, барајќи целосно повлекување на израелските трупи од Појасот Газа. Тој посочи дека ова барање не е ново, а може да се најде и во резолуцијата на ОН. Тој нагласи дека „целиот свет го поставува прашањето“ каква обврска преземаат САД како посредник во ова прашање.

Во понеделникот, Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Газа, пренесен од Бајден.

На 31 мај, Бајден изјави дека Израел претставил договор од три фази со кој ќе се стави крај на непријателствата во Газа и ќе се обезбеди ослободување на заложниците кои се држат во крајбрежната енклава. Планот вклучува прекин на огнот, размена на заложници и затвореници и обнова на Газа.

Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш во Газа се загинати речиси 37.200 Палестинци, повеќето жени и деца, а повеќе од 84.800 се повредени, според здравствените власти во Газа.

Осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафа, каде над милион Палестинци побараа засолниште од војната пред копнената офанзива врз градот на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска