| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
САД и Израел разговараа за деескалација по спасувањето на заложниците
Двајцата претставници на одбраната „разговараа за напорите за деескалација на ситуацијата“ и се согласија дека „одговорноста е на Хамас да го прифати договорот“ за да обезбеди траен мир
САД и Израел разговараа за деескалација по спасувањето на заложниците
САД и Израел разговараа за деескалација по спасувањето на заложниците / Photo: AA / AA

По спасувањето на четворицата израелски заложници, Соединетите Американски Држави (САД) и Израел ја потврдија својата посветеност за деескалација на тензиите покрај границата меѓу Израел и Либан, соопшти американското Министерство за одбрана.

Во официјалното соопштение од Министерството објавени се детали од разговорот меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Џ. Остин и израелскиот министер за одбрана Јаов Галант.

Остин му честита на Галант „за спасувањето на четворицата израелски заложници, кои сега се вратени кај нивните семејства“, се вели во соопштението.

За време на телефонскиот разговор, Остин и Галант се осврнале и на тековните „тензии покрај границата меѓу Израел и Либан“, припишано на „засилената агресија на либанскиот Хезболах“, се додава во соопштението.

Остин, исто така, ја изрази својата благодарност за „поддршката на Израел за сеопфатниот договор за прекин на огнот и за заложниците“.

Двајцата претставници на одбраната „разговараа за напорите за деескалација на ситуацијата“ и се согласија дека „одговорноста е на Хамас да го прифати договорот“ за да обезбеди траен мир, соопшти Министерството.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД