| Macedonian
Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти
Од вкупно 62 978 странски туристи, 25 324 се од Туркије, 3 254 од Германија, 5 006 од Србија, 2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија, 2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија...
Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти
Од вкупно 62 978 странски туристи, 25 324 се од Туркије, 3 254 од Германија, 5 006 од Србија, 2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија, 2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија.../ Photo: AA / AA

Во Северна Македонија во април годинава се регистрирани 81 752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151 720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2 проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупно 62 978 странски туристи, 25 324 се од Туркије, 3 254 од Германија, 5 006 од Србија, 2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија, 2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија...

Хотелско сместување користеле 76 662 туристи, од кои 24 472 биле сместени во хотели со пет ѕвездички, 40 392 во хотели со четири ѕвездички, 9 840 во хотели со три ѕвездички... Во преноќишта се сместиле 1 218 туристи, 1150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта...

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 7,4 проценти, а кај странските за 19,3 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 15,2 проценти, кај домашните туристи за 15 проценти, а кај странските за 15,4 проценти.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран