| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хезболах: Голем ракетен напад врз Израел за одмазда на убиениот командант
Израелските одбранбени сили (ИД) соопштија дека Хезболах во два напади утринава од Либан истрелал вкупно околу 160 ракети кон северен Израел, а во тие напади нема повредени, а причинета е материјална штета
Хезболах: Голем ракетен напад врз Израел за одмазда на убиениот командант
Хезболах наведува дека нападите се одговор на синоќешниот израелски напад врз јужен Либан во кој беа убиени високиот командант Талеб Абдулах и уште тројца оперативци / Photo: AA / AA

Либанската милитантна група Хезболах ја презеде одговорноста за ракетните напади утринава врз северен Израел и тврди дека гаѓала неколку израелски воени локации, вклучително и базата за контрола на воздушниот сообраќај Мерон и кампот Амиад, лоциран на околу 20 километри од границата со Либан, како фабриката на производителот на оклопни возила Пласан во кибуцот Саса.

Хезболах наведува дека нападите се одговор на синоќешниот израелски напад врз јужен Либан во кој беа убиени високиот командант Талеб Абдулах и уште тројца оперативци.

Абдула се смета за највисокиот командант на Хезболах убиен во акција од Израел.

Израелските одбранбени сили (ИД) соопштија дека Хезболах во два напади утринава од Либан истрелал вкупно околу 160 ракети кон северен Израел, а во тие напади нема повредени, а причинета е материјална штета.

ИД наведува дека во првиот напад Хезболах лансирал 90 ракети, а во вториот најмалку 70 во областа Маунт Мерон на северот на Израел, објави Тајмс оф Израел.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ пресретнал неколку ракети, додека неколку ја погодиле областа Мерона.

ИД соопшти дека погодиле ракетен фрлач на Хезболах во селото Јарун во јужен Либан, кој бил користен при нападот со 90 ракети врз северен Израел.

Во вториот бараж од 70 ракети, повеќето од нив погодија отворени области, додека некои предизвикаа штета на повеќе локации.

Неколку ракети биле пресретнати и од воздушната одбрана, според ИД.

Околу 300 борци на Хезболах, вклучувајќи команданти и оперативци со клучни одговорности, се убиени во израелските напади врз Либан од октомври, кога започна војната во Појасот Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Најмалку пет лица убиени во новите израелски напади врз јужен Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави