| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Берлин: Средба на Сиљановска Давкова со германскиот претседател Штајнмајер
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин
Берлин: Средба на Сиљановска Давкова со германскиот претседател Штајнмајер
Двајцата претседатели разменија мислења за очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон ЕУ / Photo: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија.

Претседателката денеска оствари средба и со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

На средбата било разговарно за плодната соработка со Советот на Европа во клучните реформски процеси во земјава, за високата заемна посветеност, како и за проектите кои преку програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, успешно се реализираат во различни области, а во насока на остварувањето на македонските аспирации за членство во Европската Унија.

Претседателката Сиљановска Давкова, осврнувајќи се на демократскиот капацитет на нашите институции, ги нагласила заложбите за унапредувањето на човековите права и владеењето на правото, како едни од базичните предуслови за напредокот на македонското општество.

На средбата била истакната важноста на темата родова еднаквост и спроведувањето на Истанбулската Конвенција.

Двете соговорнички разменија мислења и за европската перспектива на регионот, како и за нашиот значаен придонес во обезбедувањето на мирот и стабилноста на Европа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години