| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Почина Џери Вест, еден од великаните на НБА
Наречен „Господин Клач“, Вест беше Ол-стар во секоја сезона од неговата 14-годишна кариера во Лејкерси, МВП на финале на НБА, беше избран десет пати во првата петорка на лигата, беше најдобар стрелец и најдобар асистент во лигата
Почина Џери Вест, еден од великаните на НБА
Вест беше инспирација за силуетата на логото на НБА, освои девет титули како играч, скаут, тренер, извршен директор и консултант / Photo: Los Angeles Clippers

Еден од великаните на НБА, Џери Вест, почина на 87-годишна возраст, објави НБА и Лос Анџелес Клиперс, каде беше консултант од 2017 година.

„Тој почина мирно, а покрај него беше неговата сопруга Карен“, соопшти калифорниската франшиза без да ја открие причината за неговата смрт.

„Тој беше олицетворение на кошаркарската извонредност и пријател на сите што го познаваа“, велат од Клиперс.

Вест освои девет титули во НБА како играч, скаут, тренер, извршен директор и консултант за време на историската кариера која траеше осум децении.

Наречен „Господин Клач“, Вест беше Ол-стар во секоја сезона од неговата 14-годишна играчка кариера во Лос Анџелес Лејкерс, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во сезоната 1971-72 година. Беше избран десет пати во првата петорка на лигата и двапати во втората, беше најдобар стрелец и најдобар асистент во лигата, беше избран прво меѓу 35, па 50 и 75 најдобри играчи на сите времиња

Вест беше прогласен за МВП на финалето на НБА во 1969 година и покрај тоа што играше во поразен тим. Во седмиот натпревар постигна 42 поени, но Лејкерси беа поразени од ривалот Бостон Селтикс.

„Џери Вест беше кошаркарски гениј и фигура која ја дефинираше нашата лига повеќе од 60 години. Тој се истакна не само како НБА шампион и Ол-стар во сите 14 играчки сезони, туку и како врвен конкурент кој го прифати најголемите моменти“, објави комесарот на НБА, Адам Силвер.

Вест кариерата ја заврши со просек од над 27 поени по натпревар, во време кога шутот за три поени не постоеше. По пензионирањето како играч во 1974 година, тој беше тренер на Лејкерс од 1976 до 1979 година, потоа влезе во менаџментот и стана генерален менаџер од 1982 година во следните две децении, за време на кои Лејкерси освоија 8 титули помеѓу 1980 и 2002 година. Тој исто така беше еден од клучните луѓе во формирањето на тандемот Шекил О'Нил - Коби Брајант.

Потоа им се приклучи на Голден Стејт Вориорс како член на бордот на директори (2011-2017) со кој освои две титули во НБА, а потоа и на Клиперс во 2017 година.

Тој влезе во Куќата на славните како играч во 1980 година и повторно 30 години подоцна како член на олимпискиот тим на САД во 1960 година. Интересно е што Вест беше инспирација за силуетата на логото на НБА.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Средба на челните луѓе на македонскиот и турскиот фудбал: Разговори за унапредување на соработката
Крај на една ера- Лионел Меси и Кристијано Роналдо подготвени за нивното последно Светско првенство
Турската репрезентација пристигна во САД за Светското првенство во фудбал
ФИФА со нови правила и подобрен ВАР протокол за Светското првенство
Над 890 уапсени за време на насилните прослави на победата на ПСЖ низ цела Франција
Арда Ѓулер прогласен за фудбалер со најголем напредок во изминава сезона во Лигата на шампиони
Седлоски: Подготвени сме за предизвикот со Туркије
Кениецот Сабастијан Саве: Ерата на суперпатики и науката за модерното маратонско трчање
Барбарез: Македонската репрезентација е сериозен противник
Претставници на ФИФА повикани на суд во случајот со продажба на билети за СП 2026
Седлоски: Кога излегувате на теренот, излегувате за да победите
Две американски држави најавија истрага против ФИФА за продажбата на билети за Мундијалот
Тепачки меѓу навивачите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано пред финалето на Лигата на конференции
Кошаркарите на Њујорк Никс по 27 години во финалето на НБА
Обединети 2026: Зошто ова ќе биде најголемото и најглобално Светско првенство на ФИФА
Гвардиола си заминува од Манчестер Сити на крајот од сезоната
Иранската фудбалска репрезентација го започнува процесот за добивање виза за САД во Туркије
Астон Вила го освои трофејот во Лига на Европа
УЕФА направи промени во Лигата на нациите и во квалификациите за Европското првенство
Чеферин: Туркије се има докажано како домаќин на најголемите фудбалски спектакли