| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Во Скопје се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ
ПСЈИЕ е регионална иницијатива во која членуваат 13 земји: Северна Македонија, Туркије, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Косово
Во Скопје се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ
На состанокот се присутни и претставници на ЕУ и Регионалниот совет за соработка / Photo: AA / AA

Во главниот град на Северна Македонија, земја која претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), се одржува состанок на министрите за надворешни работи и самитот на шефови на држави и влади на земјите учесници во ПСЈИЕ, на кој учествуваат делегациите на 13 учесници во Процесот.

Покрај тоа, на состанокот се присутни и претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка (РСС).

ПСЈИЕ е регионална иницијатива во која членуваат 13 земји: Северна Македонија, Туркије, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Косово.

На состанокот, Туркије е претставена од заменик-министерот за надворешни работи, Мехмет Кемал Бозај.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, ја отвори средбата и им посака добредојде на сите делегации во Скопје.

Тој нагласи дека Северна Македонија имаше успешно претседавање со ПСЈИЕ, додавајќи дека постигнала важни резултати.

„Мораме да ги удвоиме нашите напори кон крајната цел: Членство во ЕУ на земјите од ПСЈИЕ кои сѐ уште не се членки на ЕУ. Проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент кој носи незаменливи вредности во градењето на издржливи општества и постигнувањето економски напредок и просперитет“, рече Османи.

Тој нагласи дека ниту една алтернатива не треба да го замени процесот на проширување на ЕУ, додавајќи дека за полноправно членство ќе бидат потребни повеќе, па затоа, според него, на регионот му е потребна поголема интеграција пред полноправно членство.

Зборувајќи за безбедноста, Османи рече дека геополитичките предизвици бараат целосно внимание и мобилизација на сите земји од регионот.

„Треба да ја зајакнеме нашата соработка и да ги подобриме нашите национални и регионални капацитети и способности за откривање, намалување и спречување на секое злонамерно влијание што потенцијално може да ја поткопа стабилноста и безбедноста во регионот на Југоисточна Европа“, рече Османи.

Северна Македонија го презеде претседавањето со ПСЈИЕ во јули 2023 година под мотото „Надминување на поделбите, градење доверба“.

Во текот на денот ќе се одржи и состанокот на шефовите на 13 држави, на кој домаќин ќе биде претседателката Гордана Силјановска-Давкова, а се очекува да биде усвоена и заедничка изјава.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка
Мицкоски: Македонија се соочува со сериозен проблем со демографијата
Мисајловски на состанокот на НАТО: Македонската Армија се развива со засилено темпо
Радев: Нема да дозволиме санкции за Русија што негативно влијаат на бугарската економија
Казни затвор за родителите на детето убиец од „Рибникар“ од српскиот суд
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Љатифи Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
Милатовиќ во Европскиот парламент: Црна Гора е подготвена да стане 28. членка на ЕУ до 2028 година
Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку