| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во Италија започна Самитот на Г-7
Италијанското претседавање, исто така, одлучи да посвети посебно внимание на друг континент, кој е фундаментален за иднината, а тоа е Африка, со нејзините можности и ова бара поинаков пристап отколку во минатото, рече италијанската премиерка Мелони
Во Италија започна Самитот на Г-7
Мелони ја истакна важноста на дијалогот со народите на глобалниот југ / Photo: AA / AA

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес го отвори Самитот на групата Г-7 во Италија на кој ќе се разговара за глобалните прашања, вклучително и конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Мелони ги пречека лидерите на земјите од Г-7 и на Европската Унија по нивното пристигнување во градот Борго Егнација, Југоисточна Италија. Се очекува на Самитот да дојдат и други светски лидери поканети од Италија, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и индискиот премиер Нарендра Моди.

Во својот воведен говор на првата сесија Мелони ја истакна важноста на дијалогот со народите на глобалниот југ.

„Италијанското претседавање, исто така, одлучи да посвети посебно внимание на друг континент, кој е фундаментален за иднината, а тоа е Африка, со нејзините можности. И ова бара поинаков пристап отколку што покажавме во минатото“, рече таа.

Истакна дека во овој контекст ќе се разговара и за миграциските прашања.

Групата Г-7, составена од Соединетите Американски Држави (САД), Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија, со присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе разговара и за прашања поврзани со Азиско-пацификот регион, климатските промени, енергетиката и вештачката интелигенција.

Ердоган ќе присуствува на Самитот утре.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави
Српски војник, дел од мировните сили во Либан, загина во експлозија на проектил
Американски војник загина при инцидент на обука во Ирак
Арагчи: Нападите ќе продолжат врз локации „кои се користат“ во нападите врз Иран
Лекорну: Израел мора да ја прекине „нелегалната окупација“ на либанската територија
Германија гледа „прозорец за разговори“ со Русија за завршување на војната во Украина