| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
УНРВА го обвини Израел дека спречува испорака на помош за Појасот Газа
Бавниот одговор на властите по нападот на израелските доселеници врз комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим и сè построгите визни ограничувања наметнати од израелските власти за персоналот се доказ дека операциите на агенцијата на ОН се саботираат
УНРВА го обвини Израел дека спречува испорака на помош за Појасот Газа
Израелскиот амбасадор во ОН рече дека УНРВА станала „терористички ентитет“ / Photo: AA / AA

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестински бегалци (УНРВА) денеска објави дека израелските власти често ја спречуваат испораката на помош за Појасот Газа и ги попречуваат операциите на УНРВА во енклавата.

„Добиваме многу малку позитивни одговори на нашите барања за испорака на помош и дозвола за движење низ Газа“, рече Тамара Алрифаи, директорка за односи со јавноста на УНРВА.

Таа истакна дека организацијата одржувала контакт со КОГАТ, израелското тело кое ги надгледува палестинските територии и координира со хуманитарните групи, но „овој контакт не секогаш носи позитивни резултати“, пренесува Гардијан.

Израел обвини некои вработени во УНРВА за учество во нападот на Хамас на 7 октомври и дека се членови на терористички организации.

Во април, независната истрага предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона заклучи дека Израел допрва треба да обезбеди докази за тврдењето, а минатиот месец израелскиот амбасадор во ОН рече дека УНРВА станала „терористички ентитет“.

Портпаролот на КОГАТ рече дека организацијата е во секојдневна комуникација со УНРВА, пред да ги повтори обвинувањата за односот на агенцијата на ОН со Хамас.

Алрифаи укажа на бавниот одговор на властите по нападот на израелските доселеници врз комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим и на сè построгите визни ограничувања наметнати од израелските власти за персоналот, вклучително и комесарот Филипе Лазарини, како доказ дека операциите на агенцијата на ОН се саботираат.

УНРВА, исто така, долго време го координираше минувањето на сета помош што влегува во Газа преку два гранични премини на југот на територијата, додека во моментов речиси целата помош влегува во енклавата преку американското привремено пристаниште.

Светската програма за храна (ВФЦ) истакна дека само една четвртина од помошта неопходна за задоволување на потребите на целото население на палестинската енклава влегува во Газа преку пристаништето.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години