| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ОН: Повеќе од 50 отсто од земјоделските површини во Газа се уништени
Користејќи сателитски снимки направени УНОСАТ и ФАО открија дека 57 отсто од постојаните полиња и обработливите површини во Газа, неопходни за безбедноста на храната, покажале значителен пад на квалитет за обработување
ОН: Повеќе од 50 отсто од земјоделските површини во Газа се уништени
Во мај 2024 година, здравјето и густината на посевите низ Газа покажаа забележителен пад / Фото: AA / AA

Според сателитски снимки анализирани од Обединетите нации, повеќе од половина од земјоделското земјиште во Газа, клучно за исхрана на изгладнетото население е деградирано.

Податоците откриваат пораст на уништувањето на овошни насади, полски култури и зеленчук во палестинската енклава по осум месеци израелско бомбардирање.

Светската здравствена организација предупреди дека многу луѓе во Газа се соочуваат со „катастрофална глад и услови слични на глад“.

Користејќи сателитски снимки направени помеѓу мај 2017 и 2024 година, Сателитскиот центар на Обединетите нации (УНОСАТ) и Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) открија дека 57 отсто од постојаните полиња и обработливите површини во Газа, неопходни за безбедноста на храната, покажале значителен пад на квалитет за обработување.

„Во мај 2024 година, здравјето и густината на посевите низ Газа покажаа забележителен пад во споредба со просекот од претходните седум сезони“, соопшти УНОСАТ во четвртокот.

„Ова влошување се припишува на активности поврзани со конфликти, вклучувајќи разбивање, движење на тешки возила, бомбардирање и гранатирање.

Падот според УНОСАТ означува зголемување од 30 отсто на оштетеното земјоделско земјиште споредено со последна анализа во април.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД