| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Газа: Десетгодишното момче Мустафа почина од неухранетост
Десетгодишниот Мустафа Хиџази почина од неухранетост и недостаток на лекови во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, а според директорот на болницата „Камал Адван“, повеќе од 200  деца се во опасност од смрт поради неухранетост
Газа: Десетгодишното момче Мустафа почина од неухранетост
На сликите на Анадолу се гледа како безживотното тело на момчето го држи во раце неутешната мајка Фатма Хиџази / Photo: AA / AA

Уште едно дете почина од глад во Појасот Газа, кој е цел на брутални израелски напади и блокада што предизвика голема хуманитарна криза.

Десетгодишното момче Мустафа Хиџази почина од неухранетост и недостаток на лекови во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

На сликите на Анадолу се гледа како безживотното тело на момчето го држи во раце неутешната мајка Фатма Хиџази.

Според директорот на болницата „Камал Адван“, повеќе од 200 палестински деца се во опасност од смрт поради неухранетост.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Повеќе од 37.200 Палестинци се убиени во Појасот Газа од 7 октомври во израелските напади.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Цените на нафтата ги избришаа воените добивки, бидејќи сообраќајот на танкери во Ормуз продолжува
Палестинец убиен во сопствениот дом во рација на израелската војска на окупираниот Западен Брег
Трамп вели дека Ердоган е причината зошто ќе присуствува на самитот на НАТО во Туркије
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа