| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Украина не ги прифаќа условите на Путин за почеток на мировните преговори
Советникот на украинскиот претседател Зеленски, Михаило Подољак го отфрли предлогот на Путин, оценувајќи го како несериозен и истакна дека нема можност да се најде компромис со условите за крај на војната што ги претстави Украина
Украина не ги прифаќа условите на Путин за почеток на мировните преговори
Условите на Путин не се релевантни за никакви преговори, рече Подољак / Photo: Reuters / Reuters

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за завршување на војната што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој го отфрли предлогот на Путин, оценувајќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за никакви преговори.

Подољак додаде за Ројтерс дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.

Претходно денеска Путин изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да започнат мировните преговори.

Тој изјави дека украинските војници ќе мора да се повлечат од територијата на Луганската Народна Република, Доњецката Народна Република, Керсон и Запорожјската област.

„Штом Киев ќе изјави дека е подготвен за таква одлука и ќе започне со вистинско повлекување на трупите од овие региони, а исто така и официјално ќе информира за откажување од плановите за влез во НАТО, веднаш ќе следи, буквално во истиот момент, наредба од наша страна да се прекине огнот и да се започнат преговори, повторувам, тоа ќе го направиме веднаш“, рече Путин.

Тој додаде дека на Москва и е потребен неутрален, неблокски, ненуклеарен статус на Украина за мирно решение.

Путин ги постави условите во пресрет на мировната конференција во Швајцарија, на која Русија не беше поканета.

Викендов на самитот во Швајцарија, на кој ќе присуствуваат претставници на повеќе од 90 земји и организации, се очекува да се избегнат територијалните прашања и наместо тоа да се фокусираат на прашања како што се безбедноста на храната и нуклеарната безбедност во Украина.

Кремљ соопшти дека средбата ќе се покаже „залудна“ без руски претставник.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори