| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската војска го пренасочува фокусот кон јужен Либан
Израелскиот Канал 12 објави дека израелската војска препорачала да ја прекине својата воена офанзива во Рафа и да се сврти кон „операција на северот“, односно во Либан.
Израелската војска го пренасочува фокусот кон јужен Либан
Тензиите нагло пораснаа откако Израел го уби Талеб Сами Абдулах, командантот на Хезболах / Фото: AFP / AFP

Израелската војска денес предложила да ја заврши својата воена офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, и да ги пренасочи своите напори кон нова офанзива во јужен Либан, пренесува Анадолу.

Израелскиот Канал 12 објави дека израелската војска препорачала да ја прекине својата воена офанзива во Рафа и да се сврти кон „операција на северот“, односно во Либан.

Тензиите нагло пораснаа откако Израел го уби Талеб Сами Абдулах, командантот на либанската група Хезболах, во воздушен напад на јужен Либан. Хезболах како одговор на ова убиство во средата лансирал 215, а во четвртокот 150 ракети кон северниот дел на Израел.

Тензиите покрај границата на Либан со Израел, со прекугранични напади меѓу Хезболах и израелските сили, избувнаа во екот на израелските брутални бомбардирања на Појасот Газа.

Во израелската смртоносна офанзива на Газа од 7 октомври досега се убиени повеќе од 37.200 Палестинци.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван