| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Сенегал: Овците „ладум“ се продаваат по цена на луксузни автомобили
Со висина од 1,5 метри и тежина од околу 170 килограми, „ладум“ повеќе личи на мал коњ отколку на овца, и се смета за знак на престиж во Западна Африка
Сенегал: Овците „ладум“ се продаваат по цена на луксузни автомобили
Речиси во сите региони на Сенегал се одржуваат различни натпревари за избор на најубавиот „ладум“ / Photo: AA / AA

За време на саемот во Мбур, кој се наоѓа на 100 километри од главниот град на Сенегал, Дакар, овците „ладум“ се продаваат по цена од 90.000 долари.

Овцата позната и како „крал на овците“ со години се продава по цени кои ги надминуваат цените на луксузните автомобили, а за населението во Сенегал оваа раса е „повеќе од овца“.

Оваа раса е мешавина на „тубеир“ од Мавританија и „балибали“ од Мали.

Со висина од 1,5 метри и тежина од околу 170 килограми, „ладум“ повеќе личи на мал коњ отколку на овца, и се смета за знак на престиж во Западна Африка.

На саемот, пред големиот муслимански празник Курбан бајрам, на купувачите им се нудат овци од оваа раса со различни бои и карактеристики.

За разлика од останатите овци и овни, оваа раса не се коле на пазари, туку во специјално подготвени комфорни простории.

Покрај тоа, „ладум“ се користи за размножување, за разубавување на други раси. Речиси во сите региони на Сенегал се одржуваат различни натпревари за избор на најубавиот „ладум“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван