| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во израелските напади врз Газа убиени петмина цивили
Тројца Палестинци, меѓу кои и една жена, се убиени, а некои се тешко ранети во израелското бомбардирање на куќа во округот Шеик Ридван
Во израелските напади врз Газа убиени петмина цивили
Во израелските напади врз Газа убиени петмина цивили / Photo: AA / AA

Петмина Палестинци, меѓу кои и една жена, загинаа во израелските напади во различни делови на Појасот Газа, кои продолжија и покрај празникот Курбан Бајрам.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, тројца Палестинци, меѓу кои и една жена, се убиени, а некои се тешко ранети во израелското бомбардирање на куќа во округот Шеик Ридван.

Истовремено со нападите врз градот Газа, напади беа извршени и во северозападниот дел на бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека двајца Палестинци биле убиени во напад во текот на ноќта во областа Би'р Џанада во округот Тел ес-Султан на запад од Рафа.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 37.337 Палестинци, меѓу кои најмалку 15.694 деца и 10.279 жени, а ранети се 85.299 лица.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука