| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Рекордно зголемување на трошоците за нуклеарно вооружување
Според истражувањето на ИКАН - Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје причината за ваквото зголемување е нарушувањето на геополитичките односи по конфликтите во Украина и израелската војна во Газа, како и придвижувањата во Пацификот
Рекордно зголемување на трошоците за нуклеарно вооружување
Вкупниот број на нуклеарни боеви глави е зголемен на 9.585 / Фото: AA / AA

Нуклеарните нации засилено ги зголемуваат воените буџети за нуклеарното вооружување, и во текот на 2023 година овие трошоци изнесувале речиси 90 милијарди евра, со раст од 13% што е рекордна стапка споредено со претходните години.

Според истражувањето на ИКАН - Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје причината за ваквото зголемување е нарушувањето на геополитичките односи по конфликтите во Украина и израелската војна во Газа, како и придвижувањата во Пацификот.

Сузи Снајдер, една од авторките на извештајот на ИКАН, проценува дека глобалното трошење на нуклеарно вооружување може да ја надмине границата од 100 милијарди евра годишно во наредниот период.

Најмногу потрошени средства за одржување и унапредување на нулеарниот арсенал има во САД, каде се потрошени речиси 50 милијарди евра.

Од друга страна, пак Русија иако е трета на листата на потрошени средства, има најголемо зголемување на нуклеарните активности на границата со Украина. По наредба на рускиот претседател Владимир Путин беа одржани серија воени вежби на нуклеарните сили кои го подигнаа нивото на готовност.

Според извештајот на ИКАН засега нема докази дека се распоредени дополнителни нуклеарни средства во Белорусија иако политички изјави за такви чекори имаше и од Путин и од Лукашенко.

Исто така руското раководство го потенцираше сопствениот нуклеарен арсенал како средство за одвраќање на западните сили од директна интервенција во војната во Украина.

Податоците пак, на надзорното тело на СИПРИ - Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, откриваат дека вкупниот број на нуклеарни боеви глави е зголемен на 9.585.

„Немаме посведочено нуклеарното оружје да игра толку значајна улога во меѓународните односи уште од времето на Студената војна“, рече Вилфред Ван, директор на програмата за оружје за масовно уништување на СИПРИ. Кина е нуклеарната сила која има најголем раст на нуклеарните боеви глави, и од 410 нивниот број е зголемен на околу 500.

Во извештајот е наведено дека Израел, Индија и Пакистан немаат објавено доволно информации за комплетирање на сликата за нуклеарните трошоци, иако се проценува дека нивниот нуклеарен арсенал засега е непроменет.

Русија и натаму располага со најмногу нуклеарни боеви глави поточно 4.380, а САД се на второто место со 3.708 и овие две суперсили поседуваат 90% од нуклеарното оружје во светот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран