| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУРО 2024: Романија убедливо ја победи Украина
Романците полесно од очекувањата ја совладаа селекцијата на Украина во првиот натпревар во групата Е, иако поразената екипа, која важеше за фаворит доминираше во поседот на топката во текот на целиот натпревар
ЕУРО 2024: Романија убедливо ја победи Украина
Романците одлично го отворија мечот на „Алијанц Арена“ и по неколку добри шанси поведоа со голот на Николае Станичиу во 29. минута / Photo: AA / AA

Фудбалерите на Романија направија големо изненадување и ја декласираа селекцијата на Украина со 3:0 во натпреварот од првото коло од групата Е на Европското првенство во Германија.

Романците одлично го отворија мечот на „Алијанц Арена“ и по неколку добри шанси поведоа со голот на Николае Станичиу во 29. минута, иако противникот имаше околу 70 проценти од поседот на топката. Украинците до крајот на полувремето се обидуваа да извршат притисок врз романскиот среден ред, но до крајот на полувремето немаше промена на резултатот.

Романците подобро го отворија вториот дел и за само неколку минути дојдоа до големо водство. Имено, најпрвин во 53. минута Разван Марин постигна одличен гол за 2:0, а веќе во 57. минута и Денис Драгуш погоди за конечни 3:0.

До крајот на натпреварот Украинците имаа иницијатива и неколку шанси, но не успеаја да го совладаат романскиот голман.

Во вториот натпревар од оваа група ќе играат селекциите на Белгија и Словачка со почеток во 18 часот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука