| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Шмит: Нема опасност од насилство во БиХ
Мирот во Босна и Херцеговина во смисла дека се гледа како мир во отсуство на насилство и одредена воена опасност, не е загрозен, рече Високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит
Шмит: Нема опасност од насилство во БиХ
Tој додаде дека во Босна и Херцеговина постојано се става на тест „политичкиот мир“ кој е доведен во прашање / Photo: AA / AA

Високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит оцени дека нема опасност од насилство и закани за мирот во Босна и Херцеговина, предупредувајќи, меѓутоа, дека има постојани закани за политичкиот мир поради постапките на функционерите на Република Српска.

„Мирот во смисла дека се гледа како мир во отсуство на насилство и одредена воена опасност, не е загрозен“, рече Шмит во интервју за весникот „Препород“ на Исламската заедница.

Истовремено, тој додаде дека во Босна и Херцеговина постојано се става на тест „политичкиот мир кој е доведен во прашање“.

Лидерот на Република Српска Милорад Додик често се заканува дека ќе го отцепи тој ентитет од Босна и Херцеговина, поради што е мета на меѓународни претставници, а бошњачките политички претставници предупредуваат дека таквите потези нема да завршат мирно. Шмит посочува дека не постои можност за отцепување на босанскиот ентитет Република Српска.

„Оние кои зборуваат за распаѓање треба да бидат свесни дека во Дејтон нема темел за таква приказна, затоа, нема основа“, рече германскиот политичар на чело на меѓународната администрација. Тој предупреди дека Европската унија и САД имаат „алатки“ за да го спречат распадот на Босна и Херцеговина.

Запрашан за заклучоците на Сесрпското собрание во Белград, високиот претставник за Босна и Херцеговина ги повика сите инволвирани на „одговорност кон целиот регион“.

Шмит изрази очекување дека негирањето на геноцидот и воените злосторства во Босна и Херцеговина ќе престане.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван