| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Прекин на електрична енергија во делови од Либан по израелско бомбардирање
Размената на оган, меѓу израелската армија и групата Хезболах, продолжува и во време на важната посета на Израел од страна на Амос Хохштајн високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, чија цел е да се смират тензиите меѓу Израел и Либан
Прекин на електрична енергија во делови од Либан по израелско бомбардирање
Хохштајн се очекува да го посети Либан подоцна во текот на денот / Фото: Reuters Archive / Reuters

Неколку села во јужен Либан беа низ целосен мрак кога тешка артилерија погоди столбови и електрични линии за време на бомбардирањата на израелската армија во понеделникот вечерта.

Според официјалната либанска Национална новинска агенција, тешкото израелско гранатирање на Раб ал Талатин предизвикало прекин на електричната енергија во неколку јужни села, вклучувајќи ги Тајбех и Деир Серијан.

Размената на оган, меѓу израелската армија и групата Хезболах со седиште во Либан, продолжува и во време на важната посета на Израел од страна на Амос Хохштајн високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, чија цел е да се смират тензиите меѓу Израел и Либан.

Хохштајн се очекува да го посети Либан подоцна во текот на денот, како дел од неговите напори за смирување на ситуацијата.

Од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, секојдневно има размена на оган, а илјадници цивили се раселени од двете страни на заедничката граница.

Тензиите се засилија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 37.300 луѓе од октомври минатата година по нападот на Хамас.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Рубио: Договорот со Иран нема да ги загрози сојузниците во Заливот
Макрон: Француската морнарица пресретна уште еден руски танкер од „ флотата во сенка“
Катарските танкери за течен природен гас транзитираат низ Ормускиот теснец
Иран: Безбедното минување низ Ормускиот Теснец е можно само преку рутите одобрени од Техеран
Извештај: САД продолжуваат со продажбата на млазни мотори на Туркије
Нетанјаху: Никогаш не побарав дозвола од Трамп за да го нападнам Иран
Антиквар од Газа со книгите извлечени од урнатините на својот дом повторно создаде своја библиотека
72 департмани во Франција ставени во црвена тревога поради продолжување на топлотниот бран
Извештај: Трошоците за израелските војни од октомври 2023 се приближуваат до 205 милијарди долари
Цените на нафтата ги избришаа воените добивки, бидејќи сообраќајот на танкери во Ормуз продолжува
Палестинец убиен во сопствениот дом во рација на израелската војска на окупираниот Западен Брег
Трамп вели дека Ердоган е причината зошто ќе присуствува на самитот на НАТО во Туркије
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства