| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Хамас: Распуштањето на воениот кабинет е победа на палестинскиот отпор
Изат ал Ришк, член на Политичкото биро на Хамас, соопшти дека вооружениот отпор, предводен од вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, го разбил ционистичкиот Воен кабинет
Хамас: Распуштањето на воениот кабинет е победа на палестинскиот отпор
Нетанјаху го распушти кабинетот откако опозицискиот лидер Бени Ганц поднесе оставка од Владата за вонредни состојби поради несогласувањата за повоената стратегија за Газа / Photo: AA / AA

Палестинската група на отпорот Хамас доцна синоќа објави дека одлуката на израелската Влада да го распушти Воениот кабинет, кој беше формиран да управува со војната во Појасот Газа, е победа на палестинскиот отпор.

Изат ал Ришк, член на Политичкото биро на Хамас, соопшти дека вооружениот отпор, предводен од вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, го разбил ционистичкиот (израелски) Воен кабинет што првично беше формиран пред осум месеци за да се разбие (палестинскиот) отпор.

Тел Авив во понеделникот објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху го распуштил Воениот кабинет, кој беше формиран на 11 октомври 2023 година, само неколку дена откако Израел ѝ објави војна на Газа на 7 октомври минатата година.

Потегот дојде откако опозицискиот лидер Бени Ганц поднесе оставка од Владата за вонредни состојби претходно овој месец поради несогласувањата за повоената стратегија за Појасот Газа.

Воениот кабинет првично беше составен од Нетанјаху, Ганц, министерот за одбрана Јоав Галант, Рон Дермер, Гади Ајзенкот и лидерот на партијата Шас, Арје Дери.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се загинати повеќе од 37.300 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 85.000 се повредени.

Во текот на осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафа, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД