| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУРО: Туркије ја победи Грузија со 3:1
Туркије поведе во 25. минута со голот наМулдур, Микаутадзе израмни седум минути подоцна, а победата за Туркијеѝ ја донесоа Арда Ѓулер со гол во 65. минута и Керем Актуркоглу во седмата минута од судиското продолжение
ЕУРО: Туркије ја победи Грузија со 3:1
Турските репрезентативци беа бодрени од неколку десетици илјади навивачи / Photo: AA / AA

Турските фудбалери ја совладаа Грузија со 3:1 (1:1) во првиот натпревар од групата Ф на Европското првенство, што се одигра во Дортмунд.

Туркије поведе во 25. минута со голот на Мерет Мулдур. Жорж Микаутадзе израмни во 32. минута. Победата за Туркије во вториот дел и ја донесоа Арда Ѓулер со гол во 65. минута и Керем Актуркоглу со гол за конечни 3:1 во седмата минута од судиското продолжение.

Увертирата на овој дуел го одбележа дождот кој се излеа од покривот на стадионот во водопади и ги преплави навивачите на двата дела од трибината најблиску до тревникот.

Сепак, турските фудбалери подобро го започнаа натпреварот против дебитантот на ЕП.

По неколку шанси на двете страни во 25. минута тимот предводен од Винченцо Монтела поведе.

Туркије успеа да ја пробие грузиската одбрана по левата страна по што Кадиоглу нафрли кон средината, а Двали со глава ја исфрли, но, само до работ на шеснаесетникот каде Мерт Мулдур се постави и силно и прецизно упати волеј во долниот лев агол од грузискиот гол.

Веќе во следниот напад на Туркије топката повторно заврши во мрежата на Грузија, но радоста на навивачите и на стрелецот Кенан Јилдиз не траеше долго бидејќи по асистенцијата на ВАР голот беше пониптен поради офсајд.

Пет минути подоцна турски навивачи доживеаја нов шок. Грузија израмни. Грузијците долго време плетеа мрежа околу турската одбрана, а потоа Ѓорѓи Кочорашвили се проби по десното крило и испрати повратен пас на 6-7 метри, каде што Жорж Микаутадзе беше подготвен и успеа да ја погоди за првиот гол на Грузија во историјата на европските првенства.

Не помали возбудувања донесе ниту второто полувреме. А во него Турците беа поопасниот тим. Во 47. минута Мулдур доби шанса да постигне уште еден гол, но не се снајде најдобро како во 25. минута со одличниот прв гол. Десет минути подоцна капитенот Хакан Чалханоглу се закани со слободен удар, но Мамардашвили лесно го одбрани.

Грузијците ја чекаа својата шанса во контранапад. Еден таков изведоа во 63. минута, но Кварацкелија не можеше добро да ја заврши акцијата. А потоа дојде страшната казна од другата страна.

Блесна Арда Ѓулер. Ја прими топката на десната страна, ја намести на левата нога, и со силен волеј удар ја погоди мрежата во горниот агол на спротивната статива. Компјутерот пресметал дека растојанието од голот е 26 метри. Нова кандидатура за најубав гол во првото коло.

Како и во првото полувреме Грузија за малку ќе израмнеше, но сега асистентот при првиот грузиски гол, Кочорашвили ја погоди гредата.

Турците се затворија во судиското продолжение и за малку ќе згрешија. Грузија во три наврати беше на прагот да израмни. Во 94. минута Кочорашвили и Микаутадзе си попречија еден на друг и упропастија одлична прилика.

Две минути подоцна Кварацкелија за малку ќе постигнеше гол откако во шеснаесетникот упати топка која никој не успеа да ја фати, па таа се одби од стативата. На неа натрча Давиташвили, а Акајдин со глава го спречи голот на Грузијците.

Грузијците се обидоа со сите сили да дојдат до израмнување, па ги голманот дојде во турскиот шеснаесетник на последниот центаршут од корнер. Н се заврши лошо за Грузија, бидејќи Турците во контанапад преку Актуркоглу ја испрати топката во небранетата мрежа за конечни 3:1 и потврда на победата.

Во вториот натревар од групата Ф од 21 часот играат Португалија-Чешка.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%