| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Лекари ќе патролираат низ Скопје најавените горештини
За активностите во наредниот период, како што е најавено, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, а шест возила ќе патролираат низ градот.
Лекари ќе патролираат низ Скопје најавените горештини
Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови. / Photo: AA / AA

Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови.

„Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи, ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето“, се наведува во соопштението.

За активностите во наредниот период, како што е најавено, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, а шест возила ќе патролираат низ градот.

Денеска, утре и в петок, планирано е шест мобилни тимови да излезат на терен и во периодот од 11 до 16 часот, да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжат согласно прогнозите за високите температури.

Планот ја опфаќа и грижата за здравствената и психо-физичката состојба на бездомниците во градот Скопје. Во пунктот за бездомници во Момин Поток на располагање ќе биде мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран. Оваа година, активностите се поддржани од Државна лотарија – пишува во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК