| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Комисија на ОН: Израел е одговорен за воени и злосторства против човештвото
Нападот на 7 октомври во Израел и израелска воена операција во Газа не се случија во вакуум, ним им претходеа децениски насилство и репресалии, откорнување, незаконска окупација и негирање на палестинското право на самоопределување, нагласи Пилај
Комисија на ОН: Израел е одговорен за воени и злосторства против човештвото
Независната меѓународна истражна комисија на ОН изјави дека Израел убил и осакатил илјадници деца во Појасот Газа / Photo: AA / AA

Во врска со израелските воени операции и напади во Газа од 7 октомври, заклучуваме дека израелските власти се одговорни за воени злосторства, злосторства против човештвото и кршење на меѓународното хуманитарно право и правото за човекови права, изјави Нави Пилај, претседател на Истражната комисија на Обединетите нации за окупираната палестинска територија, вклучително и Источен Ерусалим (Ал-Кудс) и Израел.

Пилај, јужноафрикански судија и поранешен комесар за човекови права на ОН, рече дека нејзиниот извештај ќе биде претставен на Генералното собрание на ОН во октомври.

Таа нагласи дека комисијата заклучила дека израелските власти се одговорни за воени злосторства, злосторства против човештвото и кршење на меѓународното хуманитарно право и правото за човекови права. „Тие вклучуваат истребување, намерно таргетирање на цивили и цивилни објекти, убиства или намерно убивање, употреба на гладување како метод на војна, присилно раселување, родово засновано прогонство насочено кон палестински мажи и момчиња, сексуално и родово насилство во износ од на тортура и сурово или нехумано постапување“, истакна Пилај. Зборувајќи за извештајот презентиран пред Советот за човекови права, Пилај рече дека светот се соочува со најголема закана од неказнивост за кршење на меѓународното право, освен ако сторителите не бидат повикани на одговорност и не се испорача правдата за сите жртви. „Нападот на 7 октомври во Израел и последната израелска воена операција во Газа не се случија во вакуум. Ним им претходеа децениски насилство и репресалии, откорнување, незаконска окупација и негирање на палестинското право на самоопределување“, нагласи Пилај. Според нејзините зборови, од 7 октомври, кога припадници на Хамас од Газа започнаа со напади врз Израел, за осум месеци десетици илјади деца, жени и мажи биле убиени и повредени во израелските напади врз блокираната енклава. Независната меѓународна истражна комисија на ОН изјави дека Израел убил и осакатил илјадници деца во Појасот Газа. Комисијата спроведе две паралелни истраги: првата за нападите на Хамас и другите палестински вооружени групи врз Израел на 7 и 8 октомври, а втората за израелските воени операции и напади врз Појасот Газа во периодот од 7 октомври до 31 декември минатата година. „Илјадници Палестинци се приведени и држени во изолација без контакти и комуникација, а 120 израелски заложници се уште се држат во Газа“, рече Пилај. Таа нагласи дека тоа е огромна трагедија и дека се „длабоко вознемирени од огромното човечко страдање“. Таа рече и дека меѓународното право има строги и јасни прописи за водење војна и самоодбрана. Еден од нејзините основни принципи подвлечени од комисијата е дека незаконското дејствување на едната страна во вооружениот конфликт не го оправдува незаконското дејствување на другата страна. „Израел има право да ги заштити своите граѓани од насилство од палестински вооружени групи, но притоа мора да го почитува меѓународното право“, рече Пилај, додавајќи: „Хамас и палестинските вооружени групи исто така мора да го почитуваат меѓународното право“. Комисијата утврди дека огромниот број цивилни жртви во Газа и широкото уништување на цивилни згради и инфраструктура се неизбежен резултат на намерна стратегија за нанесување максимална штета. Комесарот на ОН рече дека се занемарени законските обврски за дистинкција, пропорционалност и соодветни мерки на претпазливост. „Израел, исто така, насилно го префрли речиси целото население во мали оградени населби кои се небезбедни и непогодни за живеење“, рече Пилај и продолжи: „Намерната употреба на тешко оружје со голем разурнувачки капацитет во густо населените области претставува намерен и директен напад врз цивилното население.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК