| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Путин и Ким Џонг ветија дека ќе си помагаат ако биде нападнат еден од нив
„Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денес предвидува взаемна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор“, рече Путин, а според Ким Џонг-ун, „договорот  ќе го забрза воспоставувањето на мултиполарен свет“
Путин и Ким Џонг ветија дека ќе си помагаат ако биде нападнат еден од нив
Севернокорејскиот лидер, исто така, го опиша договорот како важен документ што ќе ја постави основата за идната соработка меѓу двете земји / Photo: AA / AA

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија и Северна Кореја се договориле меѓусебно да си помагаат во случај ако биде нападната една од нив, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата во Пјонгјанг по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, која беше директно пренесувана на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека безбедноста и меѓународните прашања се значајни теми на денешните разговори. Рускиот претседател нагласи дека документот ја поставува и основата за воена соработка меѓу двете земји. „Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денес предвидува, меѓу другото, заемна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор“, рече тој. Ким Џонг-ун, од своја страна, рече дека договорот е „мирољубив, одбранбен по природа“, додавајќи дека ќе го забрза воспоставувањето на мултиполарен свет. „Овој моќен договор не е ништо повеќе од документ од навистина конструктивен, ветувачки, исклучително мирољубив и одбранбен карактер, дизајниран да ги заштити и брани основните интереси на народите на двете земји. Не се сомневам дека тој (договорот) ќе стане движечка сила за забрзување на воспоставувањето на нов мултиполарен свет“, нагласи Џонг-ун. Севернокорејскиот лидер, исто така, го опиша договорот како важен документ што ќе ја постави основата за идната соработка меѓу двете земји, вклучително и во економијата, политиката и воените работи.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години