| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Путин во Ханој: Стратешкото партнерство со Виетнам е меѓу нашите приоритети
При посетата на Виетнам,Путин се сретна со неговиот виетнамски колега То Лам кој исто така истака дека односите и стратешкото партнерство со Русија се од големо значење.
Путин во Ханој: Стратешкото партнерство со Виетнам е меѓу нашите приоритети
Путин во Ханој се сретна со виетнамскиот претседател То Лам / Photo: Reuters / Reuters

Зајакнувањето на сеопфатното стратешко партнерство со Виетнам е меѓу нашите приоритети, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по средбата во Ханој со виетнамскиот колега То Лам. Путин потсети дека договорот за пријателство меѓу Русија и Виетнам е потпишан пред 30 години.

Потенцирајќи дека односите на полето на економијата и трговијата се подобрени, рускиот претседател рече дека обемот на билатералната трговија минатата година се зголемил за осум отсто.

„Русија му придава значење на развојот на дијалогот со Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија - АСЕАН, чиј Виетнам е една од водечките членки“, изјави Путин.

Виетнамскиот претседател Лам исто така нагласи дека Виетнам води независна, мирна и разновидна надворешна политика и дека придаваат значење на развојот на односите и сеопфатното стратешко партнерство со Русија.

„Не забораваме дека рускиот народ не поддржуваше во нашата борба за независност во минатото, во градењето на нашата земја, како и во оваа фаза на развој. Русија ја сметаме за еден од приоритетите на надворешната политика на Виетнам“, рече Лам.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Најмалку три лица повредени во украински ракетен напад врз рускиот град Воронеж
Кир Стармер поднесе оставка, Енди Бернам ќе биде нов премиер на Велика Британија
37 проценти од Американците сметаат дека Иран има поголема корист од договорот со САД
Австралиската полиција заплени 2,7 тона кокаин во „најголемата досега“ заплена на дрога во земјата
Австралија го потпиша најголемиот договор за извоз на одбрана
Ердоган: Туркије е главен актер во решавањето на регионалните кризи
Иран ги одложи преговорите со САД поради кршењето на примирјето во Либан од страна на Израел
Средба Руте-Трамп следната недела во САД
Франција го повика Израел да го почитува примирјето во Либан и ги повика САД да извршат притисок
Велика Британија ќе обезбеди 150 000 дронови и стотици ракети за поддршка на Украина
Пезешкијан: Меморандумот меѓу Иран и САД е историски документ
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила