| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бројот на палестинските бегалци надминува 6 милиони
По повод Светскиот ден на бегалците, палестинското Централно биро за статистика соопшти дека 2,5 милиони бегалци живеат на Западниот Брег и Појасот Газа, што е 42 отсто од регистрираните палестински бегалци
Бројот на палестинските бегалци надминува 6 милиони
Бегалците сочинуваат околу 66 отсто од населението на Појасот Газа и 26,3 отсто од населението на Западниот Брег / Photo: AA / AA

Повеќе од шест милиони палестински бегалци се регистрирани во Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНРВА, објавија палестинските власти денес.

Во соопштението по повод Светскиот ден на бегалците, палестинското Централно биро за статистика соопшти дека 2,5 милиони бегалци живеат на Западниот Брег и Појасот Газа, што претставува 42 отсто од регистрираните палестински бегалци.

Во соопштението се вели дека бегалците сочинуваат околу 66 отсто од населението на Појасот Газа и 26,3 отсто од населението на Западниот Брег.

Според соопштението, околу 40,2 палестински бегалци во дијаспората живеат во Јордан, 9,7 отсто во Сирија и 8,2 отсто во Либан.

„Овие проценки го претставуваат минималниот број палестински бегалци, имајќи предвид дека тие се нерегистрирани бегалци, бидејќи оваа бројка не ги вклучува оние Палестинци кои беа раселени по 1949 година до војната во јуни 1967 година“, се вели во соопштението.

„Исто така во проценката не се вклучени Палестинците кои заминале или биле депортирани во 1967 година поради војна и оние кои не биле бегалци на прво место“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Трамп: САД вечерва ќе го нападнат Иран многу силно, ќе го освоиме островот Харг
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода