| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУРО: Фаворизираната Англија ремизираше против Данска
Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата Англија, одигра уште еден блед натпревар, но освои бод кој што ги доближи до осминафиналето, иако Данска во финишот имаше и шанса да дојде до гол и до победа
ЕУРО: Фаворизираната Англија ремизираше против Данска
Во последното коло Англичаните ќе играат против Словенија, додека Данците против Србија / Photo: AA / AA

Фудбалските репрезентации на Данска и Англија ремизираа 1:1 во вториот натпревар од второто коло во групата „Ц“ на Европското првенство што се игра во Германија.

Данците се заканија веќе во 20. секунда, а Пјер-Емил Хојбјерг се обиде од далечина, но тоа лесно го спаси Џордан Пикфорд.

Првата шанса Англичаните ја чекаа до 13. минута кога Фил Фоден шутираше, но топката мина над голот. Пет минути подоцна голема грешка на данската одбрана ја искористи Хари Кејн, кој постигна гол за водство на Англија.

Јонас Винд имаше одлична можност во 32. минута кога шутираше, но неговиот удар во последен момент беше изблокиран.

Сепак, две минути подоцна Виктор Кристијансен ја додаде топката до Мортен Хјулманд кој погоди за израмнување со извонреден гол од околу 30 метри.

До крајот на натпреварот немаше промени, па двата ривали поделија по бод.

Претходно денеска фудбалерите на Србија успеаја да дојдат до бод со гол во последната минута против Словенија во Минхен, играјќи 1:1.

Тоа значи дека Англија и натаму е прва со четири бода, додека Данска има два, колку што има и Словенија, а Србија е последна со еден бод.

Во последното коло Англичаните ќе играат против Словенија, додека Данците против Србија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД