| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Газа: Најмалку 14 Палестинци, повеќето деца, загинаа во израелските напади
Многу луѓе се повредени во интензивните артилериски напади што израелската армија ги изврши врз бегалските кампови Бурајџ и Мегази.
Газа: Најмалку 14 Палестинци, повеќето деца, загинаа во израелските напади
Газа: Најмалку 14 Палестинци, повеќето деца, загинаа во израелските напади / Others

Најмалку 14 Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во новите израелски воздушни напади во различни делови на Појасот Газа.

Според државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони бомбардирале куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Во нападот загинати се двајца Палестинци, а 12 се ранети.

Многу луѓе се повредени во интензивните артилериски напади што израелската армија ги изврши врз бегалските кампови Бурајџ и Мегази.

Најмалку осум Палестинци загинаа во напад на израелски воени авиони врз областа Аз-Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа.

Медицинските тимови ги извлекоа телата на трите деца од семејството Ал Раи и нивната мајка од урнатините на нивната куќа што пред два дена беше бомбардирана од израелски авиони во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Министерството за здравство во Газа вчера соопшти дека 37.431 Палестинец, вклучувајќи најмалку 15.517 деца и 10.279 жени, се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври.

Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници загинати Палестинци.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД