| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Меси со рекорд на Копа Америка
Триесет и шест-годишниот Меси дебитираше за Копа Америка во 2007 година на 20 години, а во 2021 година триумфираше со титулата. Тој е најдобар стрелец на сите времиња во Аргентина и играч со најмногу настапи за националниот тим.
Меси со рекорд на Копа Америка
Триесет и шест-годишниот Меси дебитираше за Копа Америка во 2007 година на 20 години, а во 2021 година триумфираше со титулата. Тој е најдобар стрелец на сите времиња во Аргентина и играч со најмногу настапи за националниот тим. / Photo: Reuters / Reuters

Лионел Меси забележа уште едно достигнување во својата блескава кариера, соборувајќи го рекордот за најмногу настапи на Копа Америка, учествувајќи на турнирот по 35-ти пат. Бранителот на титулата Аргентина го започна овогодинешното издание на натпреварувањето со победата од 2:0 над Канада во првиот натпревар од групата А.

Триесет и шест-годишниот Меси дебитираше за Копа Америка во 2007 година на 20 години, а во 2021 година триумфираше со титулата. Тој е најдобар стрелец на сите времиња во Аргентина и играч со најмногу настапи за националниот тим.

Меси досега има запишано 13 гола и 17 асистенции во завршницата на Копа Америка.

Натпреварот против Канада во Атланта (САД) беше неизвесен, но светскиот шампион Аргентина доминираше во поголемиот дел од времето и заслужено победи.

Двата гола на натпреварот пристигнаа во вториот дел. Хулијан Алварез го отвори резултатот во 49. минута по додавањето на Алексис Мекалистер, а Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0 во 88. минута по асистенција на Лионел Меси.

Самиот Меси имаше две одлични прилики за гол, но тие не беа реализирани.

Во почетниот состав на Аргентина имаше осум играчи кои беа дел од стартните единаесет за финалето на Светското првенство во 2022 година против Франција.

-Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Канада е тежок противник и натпреварот беше многу силен физички. Во првото полувреме имаше малку простори, но по паузата се снајдовме подобро, го прокоментира Меси дуелот.

Во групата „А“ се и Чиле и Перу. Во следниот натпревар Аргентина ќе се соочи со Чиле на 26 јуни.

Копа Америка се одржува во САД и ќе трае до 15 јули. Во него учествуваат 16 екипи поделени во четири групи. Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во елиминациите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван