| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
ЦУК: Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие
Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер.
ЦУК: Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие
Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер. / Photo: AA Archive / AA Archive

Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во денешното соопштение, од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер.

„Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште како активен. Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“ на ден 20.06.2024 година има интервенирано екипа со пет вработени и месно население од село Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17.00 часот. Денеска е планинарано да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР“, се наведува во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион. БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен (Општина Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (Општина Сарај).

РЦУК Битола информира дека ТППЕ Битола дека од 12.55 до 14.15 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Гермијан.

РЦУК Струмица известува за три пожари: пожарот на запалена ниска вегетација и прнар кај с.Марвинци (Општина Валандово) што од 19.06.2024 година беше локализиран и немаше активно горење, вчера екипи од ЈП МШП „Саланџак“ – Валандово, ДЗС, ТППЕ Валандово го локализираа и го контролираа за да не дојде до повторно активирање, по што е целосно ликвидиран. ТППЕ Струмица, од 11.56 до 13.25 часот, со две теренски возила и со двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во Добрашинци (Општина Василево) и од 14.20 до 17.15 часот, со две теренски возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и депонија во с.Штука.

РЦУК Штип известува за два пожара: ТППЕ Штип од 14.00 до 16.30 часот, интервенирале на запалена земјоделска површина (житни култури и еден комбајн) на површина од 40 хектари во атар на с.Батање (Општина Карбинци).ТППЕ Кочани имале една помала интервенција заради запалена градска депонија.

РЦУК Куманово известува за три пожари: ТППЕ Куманово од 20.05 до 20.50 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалени прагови од пруги во Железничка станица; од 17.55 до 18.55 часот, со едно противпожарно возило и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Стари Лојза“. Исто така, во изминатото деноноиќие имале уше една помала интервенција.

РЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 17.10 до 18.00 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Требош.

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2 072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43 отсто, а 35,57 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 64,65 отсто, кон итната медицинска помош 24,14 отсто, a кон пожарникарите 6,32 отсто, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од ЦУК апелираат сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%