| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Легендарниот фудбалер Роберто Баџо претепан и ограбен во својот дом
Петмина вооружени и маскирани разбојници упаднале во домот на поранешениот италијански фудбалер.
Легендарниот фудбалер Роберто Баџо претепан и ограбен во својот дом
Легендарниот фудбалер Роберто Баџо претепан и ограбен во својот дом / Photo: Reuters / Reuters

Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо е претепан, затворен и ограбен откако разбојници упаднале во неговата вила во Алтавила Вичентини додека го следел натпреварот помеѓу Италија и Шпанија на Европското првенство.

Како што наведуваат италијанските медиуми, петмина вооружени и маскирани разбојници упаднале во домот на поранешениот италијански фудбалер.

Тој им се спротиставил, но провалниците успеале да го совладаат, по што Баџо и членовите на неговото семејство ги заклучиле во соба, а потоа го опљачкале нивниот дом.

Како што објавија италијанските медиуми, провалниците од вилата украле накит, часовници и други вредни предмети.

Провалниците биле во вилата околу 40 минути, а кога Баџо увидел дека тие си заминале, успеал да ја скрши вратата и повикал полиција.

Баџо мораше да оди во болница за да му се шие раната на челото.

Овој поранешен напаѓач и добитник на Златната топка во 1993 година играше, меѓу другото, за најголемите италијански клубови Јувентус, Интер и Милан.

За италијанската репрезентација забележа 56 настапи и постигна 27 голови.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години