| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на заседание на ФАК
Со Советот ќе претседаваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања, надворешна трговија и федерални културни институции Хаџа Лабиб.
Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на заседание на ФАК
Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на заседание на ФАК / Photo: AA Archive / AA Archive

Шефовите на дипломатиите на земјите од Западниот Балкан денеска во Луксембург ќе учествуваат на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК), во делот на кој ќе се разговара за состојбата во регионот.

Како што соопшти белгиското претседателство со ЕУ, во делот од состанок на ГАК посветен на Западниот Балкан, министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата ќе разменат мислења со нивните колеги од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.

Покрај за Западниот Балкан, Советот за надворешни работи ќе расправа и за руската агресија врз Украина, состојбата на Блискиот Исток, случувањата во Грузија и за соработката со земјите од Регион на Големите езера во Африка.

Заседанието ќе започне со расправа за најновите случувања на теренот во Украина, во чии рамки европските шефови на дипломатии ќе имаат неформална размена на мислења преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Дмитро Кулеба.

По точката за руската агресија врз Украина, членовите на ГАК ќе дискутираат за ситуацијата на Блискиот Исток во светло на неодамнешните случувања, по што ќе им се приклучат министрите за надворешни работи од земјите од Западниот Балкан на размена на мислења за состојбата во регионот.

Своето заседание, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе го продолжат со дискусија за неодамнешните случувања во Грузија, поврзани со усвојувањето на законот за „странски агенти“ што предизвика антивладини протести во земјата.

Заседанието на ГАК ќе заврши со расправа за африканскиот Регион на Големите езера од аспект на Стратегијата на ЕУ усвоена минатата година.

Со Советот ќе претседаваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања, надворешна трговија и федерални културни институции Хаџа Лабиб.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија